Осимен нема повеќе трпение – ќе потпише за Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Виктор Осимен во јануари би можел да го напушти Наполи поради лошите односи со тренерот Руди Гарсија, но и со клубот.

Наполи го посрамоти фудбалерот со објавите на социјалните мрежи каде што го исмејуваше Осимен, кој ептен се налути поради тој потег.

Италијанските медиуми пишуваат дека Осимен е подготвен да замине од тимот, а како негова следна дестинација се споменува Челси.

„Сините“ долго време го следат Осимен, а веќе имаат проблеми во нападот, па талентираниот напаѓач би можел да им ги реши главоболките.