Осимен збесна: Ти си ѓубре, не ми го споменувај името!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи повторно има разочарувачка сезона, откако минатата сезона го освои Скудетото, а сега се наоѓа на деветтото место со 20 бодови помалку од лидерот Интер.

Исто така, во соблекувалната на гигантот од Неапол не владее најдобра атмосфера, а дополнителни тензии предизвика менаџерот на Квича Кварацхелија кој зборуваше за Виктор Осимен.

„Осимен ќе оди во Саудиска Арабија на лето. Квича не би прифатил такво нешто ниту за милијарда евра. Повеќе би сакал да игра во Реал, Баерн, Барселона или Манчестер сити“, кажа Мамука Јагели.

Оваа изјава го налути одличниот напаѓач на Наполи кој распука по Јагели.

„Драг Мамука Јагели, ти си ѓубре и срам. Засрамен сум од твоето чувство за расудување. Глупав си. Не ми го споменувај името“, објави Осимен.