Осминафинале или крај на ЕП: Одбојкарите вечерва ќе навиваат за Турција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските одбојкари вчера запишаа историска победа против Словенија на Европското првенство (ЕП), но и покрај тоа уште не им е обезбеден пласманот во осминафинале на шампионатот.

Белорусија вчера не успеа да ни заврши работа, откако загуби од Турција, па денеска ќе мора да навиваме за Турците да не загубат од Финска.

Само во таков случај македонските одбојкари ќе обезбедат пласман во осминафинале и ќе заминат во Турција.

Сепак, синоќа се појавија шпекулации дека Турција би можела да не се труди премногу против Финска, зашто веќе обезбеди пласман понатаму, па тоа отвора сомнеж дека тие нема да го дадат максимумот и ние би можеле да го завршиме настапот на ЕП.