Островските медиуми кренаа прашина: Солксјер има еден играч на врвот на листата и ќе направи се за да го донесе во редовите на „Црвените ѓаволи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што е веќе познато, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ова лето ќе тргне во потполен ремонт на екипата, а Англичаните јавуваат како еден играч за врска ќе му биде главна мета.

Се работи за Кристијан Ериксен кој веќе со години наназад е еден од главните играчи на Тотенхем и за кој како што се наведува заинтересиран е Реал Мадрид.

Ивнинг Стандард пренесува дека Јунајтед веднаш на почетокот на преодниот рок ќе тргне по Ериксен за кој има намера да издвои околу 60 милиони фунти односно 77,5 милиони евра.

Секако, нешто ќе се прашува и Тотенхем, но проблем за Петлите лежи во фактот што на фантастичниот Данец, договорот му истекува следното лето. Така што, ќе имаат опција да прифатат понуда од Јунајтед или да ја одбијат што секако ќе биде ризик, со оглед на тоа дека Ериксен летото 2020. година може да замине како слободен игра.

Инаку, Данецот во текот на актуелната сезона одигра вкупно 45 натпревари и постигна девет погодоци, а запиша и 17 асистенции.

Инаку, судбината на Ериксен неодамна ја коментираше и тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

„Тоа е посебна ситуација, како што и тој е посебен, тоа мораме да го сфатиме. Тајмингот е за него или за клубот да прифатат можеби нешто поинаку, подобро отколку било кој друг фудбалер. Се надевам и сакам да биде со нас и во иднина“, изјави менаџерот на Тотенхем додавајќи:

„Има доста време да се зборува за тоа. Најважно е не само за него туку и за сите играчи да бидат фокусирани на теренот и да го остварат она што го посакуваме“.

Спарси во минатото не можеа да парираат на Реал, понудите на кралскиот клуб отсечно беа прифатени од Модриќ и Бејл, но денес Тотенхем е помоќен од тогаш. Во принцип, прашањето е и какави се воопшто плановите на Ериксен, иако Днаецот никогаш не сокриваше дека е среќен во Лондон.