„Откако станав популарен, девојките почнаа да ми праќаат голи фотографии на Инстаграм“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жоао Феликс е сезнација во Португалија.

Жоао Феликс е моментално една од најголемите сензации во светот на фудбалот и играч за кој многумина велат дека пред него е одлична кариера.

Овој млад фудбалер на Бенфика го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри во домашното првенство, а посебно во Европската лига каде што ја води Бенфика кон полуфиналето на ова натпреварување.

Веќе на големо се шпекулира дека Феликс на крајот на сезоната ќе биде во искушение бидејќи многу европски великани покажуваат интерес за него. Тој стана еден од најпопуларните играчи во Португалија и тоа го „осети“ и на своја кожа.

Тој изјави дека животот тотално му се променил, а посебно на љубовен план. Фелкс не крие дека успехот му донел неверојатна популарност посебно кај женскиот дел од публиката.

„Успехот ми донесе многу, кога се во прашање девојките. На Инстаграм секојдневно ми праќаат голи фотографии. Не размислувам уште сега да најдам девојка бидејќи сум уште млад и се ќе се случи во свое време“, рече Феликс.

Фeликс се поврзува со многу екипи, а интерес за него покажаа Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Јувентус. Неговата откупна клаузула изнесува неверојатни 120 милиони евра.

Бенфика сака Феликс да потпише нов договор со нив со што откупната клаузула ќе изнесува неверојатни 200 милиони евра.