Отказ по три месеци: Валдес го пцуел и навредувал Клајверт!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот голман Виктор Валдес пред неколку месеци доби шанса од Барселона да го тренира јуниорскиот тим, но очигледно тој не ја искористи како што многумина очекуваа.

Валдес откако пристигна во Барселона, веднаш почна да прави проблеми. Најпрво на еден турнир си замина со екипата, иако требаше да играат за трето место, а потоа на првиот меч од сезоната доби црвен картон поради навреда кон судијата.

Јасно е дека Валдес е темпераментен и искрен, зашто од самото доаѓање ја критикува управата на клубот, но тоа жестоко го чинеше, зашто добил отказ.

Шпанските медиуми објавија дека Валдес се налутил, па почнал да го пцуе и навредува Патрик Клајверт, по што немало враќање назад и управата решила да му даде отказ.