Откриена болеста која го мачи Ѓоковиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ беше поразен од Андреј Рубљев во финалето на турнирот во Белград, по што кажа дека имал здравствени проблеми.

Новинарите ги интересираа повеќе детали за тоа каков проблем има Србинот, но тој не сакаше да зборува премногу за тоа на прес-конференцијата.

„Нова“ пишува дека Ѓоковиќ имал вид на вирус кој трае седум или повеќе денови, а симптомите се висока температура и губење на енергијата.

Исто така, медиумот објави дека голем број луѓе од светот на тенисот биле заразени со вирусот, по што им било тешко да се вратат на тренинзите.

Ѓоковиќ го имал вирусот пред Монте Карло, па затоа имаше разочарувачки резултат.