Откриена платата на Тухел во Баерн Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен реши да го отпушти Јулијан Нагелсман и на негово место го ангажира Томас Тухел.

Тухел потпиша договор до јуни 2025 година со баварскиот тим, а германскиот медиум „Билд“ објави детали од нивната соработка.

Тренерот ќе добива плата меѓу 10 и 12 милиони евра по сезона, а тоа ќе зависи од бројот на титули кои ќе ги освои.

Ова значи дека Тухел ќе добива поголема плата од таа што имаше Нагелсман, кој добиваше меѓу осум и 10 милиони евра.