Откриена тајната на успехот: Халанд има посебен режим на спиење


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд е вистинска машина и тоа го покажа оваа сезона во дресот на Манчестер сити.

Халанд во дуелот против Лајпциг (7-0) постигна пет гола за 35 минути и така се израмни со Лионел Меси и Луис Адријани по број на голови во еден меч од Лигата на шампиони (ЛШ).

На социјалните мрежи се појави интересна фотографија на која може да се забележи како одмора со топката од ЛШ, но притоа ја откри тајната на својот успех.

Халанд за да ги одмори очите, носи специјални очила со портокалови леќи кои ја одбиваат штетната сина светлина.

Норвежанецот, исто така, ги исклучува сите електронски уреди пред да спие.