Откриени финансиските детали од трансферот на Кавани во Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач од Уругвај, Едисон Кавани наводно ги договорил личните услови со Манчестер јунајтед, па треба да потпише двегодишен договор и сигурно ќе биде квалитетно засилување за нападот на премиерлигашот.

Кавани ќе добие одличен договор на две години и плата од 210.000 фунти неделно, односно 11 милиони фунти годишно.

Нема сомнеж дека напаѓачот си договори одлична соработка бидејќи има 33 години и конечно најде место каде ќе игра сезонава, откако го напушти ПСЖ.

Кавани треба да ги мине медицинските прегледи, по што утре ќе биде претставен како член на „црвените ѓаволи“.