Откриено на која телевизија ќе се следат дуелите на Македонија на ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ќе игра во јануари на Европското првенство (ЕП) во Австрија, Норвешка и Шведска, а натпреварите на нашите ракометари ќе може да се следат на телевизија Телма.

Телма ќе ги пренесува дуелите на жолто-црвената селекција како и пред две години, а освен натпреварите на Македонија, на телевизијата ќе има преноси и од најинтересните дуели од останатите групи.

На ЕП ќе играат 24 репрезентации, кои ќе бидат поделени во шест групи, а ракометарите на Македонија ќе се борат со Австрија, Чешка и Украина за првите две места во групата.