„Отсекогаш сакав да останам во Интер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Лацио, Антонио Кандрева, допатува денеска во Милано на лекарски прегледи.

Италијанскиот репрезентативец се одлучи во ова лето да го напушти Лацио и својата кариера да ја продолжи во дресот на Интер.

Кандрева денеска допатува во Милано на лекарски прегледи, а после тоа ќе потпише договор со новиот клуб.

Полн сум со емоција со доаѓањето во Милано. Сега одам на лекарски прегледи и после тоа ќе потпишам договор. Мојата желба беше да дојдам во Интер и пресреќен сум што конечно сум тука“, рече Кандрева.

Тој додаде дека целлта во оваа сезона со Интер е да се избори пласман во Лигата на шампионите, и  овој славен клуб да се врати во врвот на Серија А.