Ова е доказот дека Ѓоковиќ го крадат за да не кажат дека е најдобар во историја (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна го освои Ју-Ес опен и стигна до 24. гренслем-титули во кариерата, па така го обезбеди врвот на вечната листа во машка конкуренција.

Американците во изминатиот период тврдеа дека Ѓоковиќ во апсолутна конкуренција е израмнет, односно дека Маргарет Корт има ист број на титули со Србинот.

Американскиот новинар Кристофер Џонсон објави стара фотографија на која Штеф Граф има 22 гренслем-титули, на таа листа зад името на Корт стојат само 11 пехари на најголемите трофеи. Но сега кога Ѓоковиќ освои 24, одеднаш и таа има иста бројка.

„Маргарет беше голема тенисерка, но факт е дека таа 13 трофеи освои против аматери, тоа би било како јас да освојам турнир против моите пријатели. Еден мој пријател во неговиот тениски клуб има 25 пехари, па треба ли сега Новак и него да го брка“, објасни Џонсон.