Ова е фудбал и секој може да победи секого


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Шпанија во вчерашниот натпревар против Хрватска од третото коло во групната фаза од Европското првенство забележа пораз од 2:1 .

“Натпреварот беше малку чуден, доминиравме во текот на натпреварот, имавме шанси и резултат, но на крајот бевме поразени. Имав прилика да постигнам гол од пенал, но не успеав”.

“После првите две победи сега налетавме на тежок противник и бевме поразени, мислам дека дојде време да играме посериозно бидејќи ни следат исклучително тешки натпревари, а прва препрека е репрезентацијата на Италија”– изјави Рамос.

Ова е изјава на можеби и најголемиот трагичар на натпреварот, капитенот на Шпанија имаше прилика од пенал да и донесе предност на својата репрезентација, но Субашиќ ја прочита неговата намера. Потоа Хрватите постигнаа гол и дојдоа до победата.