„Ова е како да сме славеле во финале“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалија синоќа славеше против Хрватска 1:0 после продолженија и се пласираше во четвртфиналето на ЕП.

Јунак на мечот беше Кварезма кој само на три минути пред крајот на мечот ги растажи навивачите на Хрватска.

Кварезма после мечот истакна дека оваа победа е важна како славје во финале.

„Ова е како е како да победивме во финале,  со оглед на тоа како игравме и дека против себе имавме одлична екипа и одлични играчи, но имавме среќа и постигнавме гол во вистинско време“, рече Кварезма и продолжи:

„Да, тоа е важен гол. Важно е дека секогаш верувавме дека можеме да постигнеме. Сега ќе мораме да пробаме да се опоравиме, бидејќи во четвртфиналето на чека одличната Полска“.