Ова е потег на Светското! Еве кого донесоа Англичаните на сцена и му доделија медал (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Синоќа гледавме неверојатен натпревар помеѓу Англија и Франција за третото место на Светското првенство, на кој видовме дури десет гола. Англичаните го освоија бронзениот медал, а интересен детаљ видовме за време на церемонијата за доделување на медалите.

Иако и двете екипи пред овој натпревар испраќаа пораки дека натпреварот за третото место е бесмислен, на крај ни понудија вистински спектакл.

Англија успеа да победи со резултат од 6:4, а веќе по првите 45 минути водеше со 4:0.

Франција успеа малку да се врати во игра во второто полувреме, но Англија некако ја задржа предноста и победи со 6:4, што на оваа репрезентација и донесе бронзен медал.

Откако заврши натпреварот, на Англичаните им беа доделени медали, и за време на доделувањето видовме навистина интересна сцена.

Сите членови на Англија кои беа пријавени за натпреварувањето добија медали, но многумина беа изненадени кога играчите на овој тим почнаа да повикуваат уште еден човек.

Станува збор за Џејсон Стил, кој беше со екипата низ целото натпреварување, но никогаш не беше официјално пријавен за натпреварите ниту се наоѓаше во протоколите на Светското првенство.

Сепак, останатите играчи на Англија се погрижија Стил да добие медал и покрај тоа што не беше предвиден од страна на ФИФА.

Тој детаљ ја воодушеви фудбалската јавност, а истиот можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.