Ова лето дојде во Лил и со своите игри го привлече вниманието на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во летниот преоден рок речиси сигурно ќе донесе најмалку еден напаѓач, а не е исклучена можноста во клубот да пристигнат и повеќе ако некој од актуелните, пред се се мисли на Дембеле го напуштат клубот.

Како што пишуваат одредени медиуми, „каталонците“ се заинтересирале во своите редови да го донесат напаѓачот на Лил, Виктор Осимен.

Осимен импресионира по неговиот трансфер од Шарлоа во францускиот тим и веќе има постигнато осум погодоци на 14 средби оваа сезона.

За 20 годишниот фудбалер освен Барселона се интересираат и тимовите на Баерн Минхен и Милан.