Ова момче во Париз ја заработи најголемата сума во животот, но не може да дојде до парите


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот француски тенисер Моизе Куаме не може да ја добие наградата од Ролан Гарос што за пласманот во третото коло изнесува 200.000 долари. Причината е фактот што е малолетник.

Франција има нова тениска надеж. На сцената се појави 17-годишниот Моизе Куаме кој доби покана за учество на Ролан Гарос и игра навистина добро.

Куаме успеа да стигне до третото коло. Со овој успех си осигура награда од најмалку 200.000 долари, со можност таа сума дополнително да се зголеми ако денес го елиминира фаворизираниот Алехандро Табило.

Сепак, Куаме не може да дојде до парите. Наградата за резултатите во Париз не може да му биде исплатена.

Причината е сосем едноставна. Куаме е малолетник и според францускиот закон, лица под 18 години не можат да добијат парична награда, па овој тенисер ќе мора да чека до март 2027 година за да ја инкасира сумата што ќе ја заработи на овој Грен Слам.