Ова не е Роналдо, туку негова бледа сенка: Португалецот се посрамоти против Реал Сосиедад (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристијано Роналдо цело лето се обидуваше да замине од Манчестер јунајтед, но на крајот не успеа и остана во премиерлигашот, каде што не му оди најдобро.

Тренерот Ерик Тен Хаг често го оставаше на клупата за резерви, а вчера му даде шанса против Реал Сосиедад (0-1), но Роналдо немаше добар настап.

Роналдо ги одигра сите 90 минути за „ѓаволите“, но веднаш можеше да се забележи дека е далеку од најдобрите денови и воопшто не е во форма.

Португалецот во очај се обиде да направи дриблинг во намера да дојде до подобра позиција, но потоа ја загуби топката.