Ова не сте го знаеле: Ако Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, ќе стане најдобар во големата тројка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се бори против Рафаел Надал за втората титула на Ролан Гарос, а спектаклот почнува од 15 часот.

Србинот покрај вториот трофеј во Париз, ја брка и 18 гренслем-титула, додека Надал сака да ја освои неговата 20.

Ако Ѓоковиќ ја освои титулата, тогаш ќе стане единствен од големата тројка кој секој гренслем-турнир го совојувал барем двапати. Треба да се спомене и дека ако Надал го победи Ѓоковиќ, тогаш тој ќе стане втор најстар освојувач на турнирот во Париз.

Шпанецот Андер Химено е најстар освојувач на Ролан Гарос. Тој во 1972 година со 34 години, девет месеци и 19 дена го освои турнирот, а ако му успее тоа на Рафа, тогаш тој ќе стане втор најстар со 34 години, три месеци и осум денови.