Ова никој не го очекуваше: Ферари доби јасен совет како да стигне до титулата


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Борбата за титулата шампион во Формула 1 влегува во сѐ поинтересна фаза, а во Ferrari наскоро би можеле да донесат една од најтешките одлуки во последните години. Барем така смета човек кој одлично го познава начинот на функционирање на италијанскиот тим.

Поранешниот тркачки инженер на Ферари, Роб Смедли, порача дека Ферари, доколку сериозно сака да ја нападне титулата светски првак, би требало да му даде предност на Луис Хамилтон наместо на Чарлс Леклер.

Смедли смета дека токму таквата одлука може да претставува единствена реална шанса италијанскиот тим да го прекине долгогодишниот пост без возачка титула.

Да потсетиме, Ферари последен пат ја освои титулата меѓу конструкторите уште 2008 година, додека последната возачка титула на Скудериа ја донесе Кими Раконен година претходно.