Ова ретко се гледа: Алегри падна на колена и се моли Јувентус да не прими гол (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус ја запиша петтата победа по ред во Серија А, иако имаше лоши резултати на почетокот на сезоната, а на дуелот против Верона беше забележана необична сцена во која главна улога беше тренерот Масимилијано Алегри.

Верона во судиското надополнување можеше да стигне до бод, откако доби слободен удар на работ на казнениот простор на Јувентус, а Алегри не можеше да гледа што се случува, па падна на колена и се молеше неговиот тим да не прими гол.

За среќа „Старата дама“ се спаси затоа што Верди испрати лош удар, а на Алегри му олесна по промашената шанса.