„Овие дуели ги решаваат детали, Ливерпул ги казни нашите грешки, но покажавме дека сме на нивно ниво!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Интер загуби на домашен терен од Ливерпул со 0-2 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ), па ги чека пеколен реванш на „Енфилд“.

Милан Шкриниар, дефанзивецот на Интер, кажа дека екипата не заслужила пораз и покажала дека може да биде на нивото на Ливерпул.

„Овие натпревари ги решаваат детали. Имавме многу шанси, кои не ги искористивме. Нашиот противник знаеше тоа да го казни, но јас сум задоволен од нашата екипа бидејќи покажавме дека може да играме на нивото на Ливерпул. Ќе се обидеме да направиме изненадување во реваншот, иако знаеме дека тоа ќе биде премногу тешко“, вели дефанзивецот на Интер.