Овие клубови под итно мора да се сетат дека пола од преодниот рок помина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преглед на четирите клуба кои спијат, а конкуренцијата купува.

Сезона на кисели краставички како многу го нарекуваат овој период кога се лицитира со сите живи фудбалери.

Арсенал:

Ги доведоја: Гранит Чака, Такума Асано, Роб Холдинг

Чака се разбира дека е засилување, но Асано и Холдинг? Освен на вечното прашање на напаѓач бидејќи Оливие Жиру е единственото решение останува и прашањето на дефанзивскиот тандем. Мертезакер е во години, а Венгер под итно мора да најде уште еден дефанзивец.

Реал Мадрид:

Го доведоја: Алваро Мората

Галактикосите се мирни ова лето. Андре Гомеш пред носот им го украде Барселона и се разбира дека тоа го боли Перез, Зидан и друштвото, а и Погба очигледно ќе им го земе Јунајтед. Многу зависи од останувањето на Хамес бидејќи тој ако замине, Реал ќе мора да бара нова алтернатива. Исто така се покажа колку значи и Касемиро, а една ѕвезда на таа дефанзивна позиција во средниот ред, да ротираат со него на големо ќе го зацврсти грбот на ѕвездите во офанзивата.

Милан:

Ги доведоја: Лападула, Вангиони

Ах, Милан… Со години служат како пример за несвесно и нерационално тргнување со фудбалери. Премногу скапи промашувања, премалку планско купување, а така е и ова лето. Засега најдобриот стрелец од Серија Б им е најсилното засилување, а него мораше да го доведат бидејќи се поизвесно е дека ќе замине Карлос Бака. На Милан му треба и дефанзивец кој ќе биде во тандем со Ромањоли, два бека им требаат и еден фудбалер во средниот ред.

Рома:

Ги доведоја: Марио Руи, Диего Пероти, Жерсон

Рома секогаш е уверена дека е блиску до Скудетото, а потоа одат во непланска продажба и си убиваат некоја надеж. Оваа сезона најзвучното засилување им е Марио Руи, левиот бек пристигна од Емполи, но се повреди во пријателски натпревар и ќе го нема подолг период. Заедно со него на Рома и треба две крила, еден креатор кој ќе ја пополни дупката со заминувањето на Пјаниќ и напаѓач.