Овој новинар е голем непријател на навивачите на Реал Мадрид: Винисиус е ограничен играч!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Реал Мадрид се бесни откако Винисиус Жуниор не ја освои „Златната топка“.

Иако сите очекуваа дека Бразилецот ќе ја освои престижната награда, таа на крајот му припадна на Родри, фудбалерот на Manchester City.

Во клубот ја добија таа информација пред церемонијата, и решија никој од кралскиот клуб да не се појави на гала вечерта.

На Реал не му одговараше ни тоа што Карло Анчелоти ја доби наградата за тренер на сезоната, и што Килијан Мбапе требаше да го подели трофејот „Герд Милер“ за играч со најмногу голови минатата сезона.

Едни од заслужните луѓе што Винисиус не ја доби „Златната топка“ се и новинарите кои едноставно не го сакаат.

Еден од нив е и Бруно Порсио, аргентински новинар кој гласаше во име на Салвадор, а Винисиус не го вклучи меѓу десетте играчи на кои им даде поени.

Новинарот во интервју за аргентински „Ел Графико“ и шпански „Чирингито“ зборуваше зошто не му дал ниту еден поен.

„Винисиус е играч кој не е пример за фер-плеј однесување и однос кон противникот. Освен тоа, е едностран. Не учествува во играта на екипата и иако имаше сјајни моменти како голот во Лигата на шампионите. Тоа не е доволно. Тој не е целосно развиен играч кој може да биде добитник на Златната топка, а и тој гол против Борусија Дортмунд е срамен“, рече новинарот.

.