Озил го напушти Фенербахче и се сели во Башакшехир


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил стана слободен агент, откако Фенербахче му го прекина договорот по барање на тренерот Хорхе Жесус.

Озил имаше договор со Фенербахче до 2024 година, но Жесус не смета на него, па поради тоа реши да се ослободи од неговите услуги.

Искусниот играч нема настап од 20 март, кога беше исфрлен од екипата поради тоа што не бил во добра физичка состојба.

Озил претходно го прекина договорот со Арсенал, а не успеа да ја врати формата ниту во Фенербахче, па сега е блиску до преселба во Башакшехир.