Падна одлуката: Андер Ерера се огласи и посочи каде ќе ја продолжи кариерата…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изгледа дека се е приведено кон крајот.

Фудбалерот од Баскија, Андер Ерера одлучи да го промени клубот, ја одби понудата од Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Клубот од „Олд Трафорд“ остана без обештета имајќи предвид дека на овој 29-годишен фудбалер, договорот му истекува на лето.

Како што се наведува, Ерера веќе потпишал преддоговор со Парижаните, а интересно е што не се најде на врвот на листата желби на средината на теренот, бидејќи прва мета беше Де Јонг кој на крајот заврши во Барселона.

Оваа опција е поевтина и носи искуство, Тухел е воодушевен со неговата работна етика и нема сомнеж дека ќе му пронајде место во системот.

Ерера во Манчестер е од 2014. година кога стигна од Билбао, каде своевремено тренер беше Ван Гал.