Падна уште еден потпис во Мадрид: Реал го продолжи договорот со важен фудбалер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид му го продолжи договорот на Лукас Васкез, кој може да настапува на повеќе позиции на теренот и според новата соработка ќе треба да остане во клубот уште три сезони.

Васкез, кој има 29 години имаше договор до крајот на месецов, но со клубот ги договори условите и потпиша договор.

„Марка“ прва ги објави вестите, а Реал треба официјално да потврди дека Васкез ќе стане нивни втор играч кој го продолжи договорот по крајот на сезоната.

Претходно нов договор на една година потпиша Лука Модриќ, кој беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид минатата сезона.

Васкез игра за „кралевите“ од 2015 година и досега настапи на 240 меча, а притоа постигна 26 голови и 54 асистенции.