Паднал договор: Осимен се сели во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Наполи и нигериски репрезентативец, Виктор Осимен наводно ги договорил условите со Ливерпул, објавија италијанските медиуми.

Осимен минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А и еден од најзаслужните што Наполи го освои Скудетото по пауза од 33 години.

Италијанските медуми пишуваат дека Осимен ќе замине од Наполи затоа што не е во добри односи со новиот тренер Руди Гарсија.

Наполи најверојатно ќе добие околу 150 милиони евра за потписот на Нигериецот, кој оваа сезона постигна шест голови на 10 натпревари.