Палермо му се враќа на професионалниот фудбал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Палермо е првиот фудбалски клуб создаден на Сицилија и југот на Италија воопшто, а без оглед на тоа што не спаѓа во групата гиганти, Палермо е без дилема еден од симболите на италијанскиот фудбал.

Поради финансиски неправилности и уште неколку пропусти, Палермо по завршување на минатата сезона во Серија А, беше исфрлен од професионалниот фудбал.

Сепак, во текот на вчерашната прес-конференција на италијанското Национално собрание беше соопштенодека сезоната во Серија Д нема да продолжи.

Организацијата на аматерските италијански лиги реши да ја заврши сезоната и да ја признае состојбата на табелата како конечна.

Се чека само официјална потврда, па Палермо треба да се врати во професионалниот фудбал, односно во Серија Ц.