Пандев: Го исполнив сонот за ЕП, сега на ред е да ја спасам Џенова!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев кажа дека е пресреќен по пласманот на Европското првенство (ЕП). Тој го постигна решавачкиот гол во Тбилиси против Грузија со кој Македонија избори пласман на натпреварувањето.

Пандев даде изјава за италијанските медиуми по неговиот настап против Грузија и откри што му е следна мисија во кариерата.

„Пресреќен сум, го исполнивме сонот на Македонија. Светско првенство? Одиме чекор по чекор, сега сакам да се фокусирам на Џенова, таму има многу работа. Зборував со тренерот и се вратив порано од репрезентативните обврски, па сега сакам да се одморам. Кој ми е следниот сон? Да ја спасиме Џенова“, вели Пандев.