Пандев избран во најдобриот состав во избор на медиум од Холандија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев си заслужи место меѓу најдобрите кои ја одбележаа групната фаза на Европското првенство (ЕП), а во избор на медиумот од Холандија, „НОС Спорт“ тој беше избран за еден од најдобрите.

Пандев е еден од најдобрите фудбалери на Македонија во историјата, а на ЕП го постигна и првиот гол за македонската репрезентација, па поради тоа беше избран меѓу најдобрите единаесетмина.

Исто така, Пандев на последниот меч во репрезентативниот дрес доби специјален подарок од Холанѓаните.