Пандев избран во тимот на колото во Серија А 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев постигна два гола во ремито меѓу Џенова и Беневенто (2-2) и така стигна до бројката од 100 погодоци во италијанската Серија А.

Исто така, Пандев стана првиот Македонец кој стигнал до бројката од 100 голови во топ-5 лигите и заслужено доби пофалби.

„Софаскор“ реши да направи тим на колото за Серија А, а Пандев е дел од него и со оценка 8,4 е избран во нападот во формација 4-3-3.