Пандев: Многу се истрошивме против Косово, но ќе дадеме сè од себе и против Грузија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација утре ќе се соочи против Грузија во групната фаза од Лигата на нации, во меч кој ќе биде како загревање за историскиот дуел следниот месец за пласман на Европското првенство (ЕП).

Македонскиот капитен Горан Пандев на денешната прес-конференција кажа дека ќе дадат максимум на теренот, иако многу се истрошиле против Косово во полуфиналето на баражот за пласман на ЕП.

„Сигурно дека тие што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас знаеме Косово колку нè истроши и психички и физички. Сепак спремни сме утре да излеземе и да го добиеме натпреварот. Ние што сме тука сите конкурираме за првите 11. Ова е еден пеколен ритам и не може секогаш да се победи, таков е фудбалот. Наша цел е утре да победиме и да дојдеме на чекор од таа прва позиција“, кажа Пандев.