Пандев му даде два гола на Беневенто за 10 минути! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот капитен и репрезентативец Горан Пандев игра одлично во дресот на Џенова, а веќе во првото полувреме против Беневенто постигна два гола, и тоа во 11. и 21. минута.

Беневенто поведе во петтата минута, по што Пандев израмни на 1-1, а потоа Лападула повторно стрелаше за гостите и водство од 2-1. Сепак, тоа не траеше долго зашто Македонецот погоди за 2-2.