Пандев во посета на Ц. Звезда, си доби и дрес (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската легенда Горан Пандев си го исполни сонот и ја посети Црвена Звезда, при што си доби и дрес.

Пандев се сретна со претседателот Светозар Мијаиловиќ, по што го посети музејот со голем број трофеи, а клубот објави детали на нивниот профил на Твитер.

„Нашиот клуб ја пречека легендата на македонскиот фудбал и голем навивач на Црвена Звезда, Горан Пандев кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон нашиот тим“, објави Ц. Звезда.