Паника на Емирати: Одличниот двоец на Арсенал не сака продолжување на соработката


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал е во голема потрага за квалитен дефанзивец и се чини дека е блиску до доведување до еден.

И покрај тоа навивачите се незадоволни, бидејќи на Емирати не стигна ниту едно звучно засилување. А најави имаше доста.

Сепак, тоа најлошото допрва следи. Наводно најдобрите играчи на овој тим, Алексис Санчез и Месут Озил, сеуште не потпишале нови договори. И тоа нема ни да го направат.

Уште во минатата година почнаа преговорите за продолжување на соработката со овие двајца, бидејќи им истекуваат договорите во 2018 година.

Арсенал сакаше да ги реши сите дилеми и да ја продолжи соработката на време, со цел да ги задржи во своите редови и покрај интересот на европските гиганти.

Сепак, договор немаше. Арсенал ја заврши сезоната без трофеј, а во тековниот преоден рок сеуште не дојде никакво засилување, па очигледно, Санчез и Озил почнаа да размислуваат за заминуваање.

Тајмс тврди дека и последната рунда, одржава во овие денови, неславно е завршена. Менаџерите на играчот не сакаат да прифатат на условите на клубот кој ги нуди, а нов состанок е закажан дури после завршувањето на преодниот рок.

Нивното продавање сигурно дополнително ќе ги разбесни навивачите на славниот клуб.