Паника на летот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина: „Секунда недостасуваше авионот да се урне“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Босна и Херцеговина со чартер лет од Сараево отпатува за Ерменија каде во недела ќе одигра кавалификациски натпревар за Европското првенство.

Босанскиот весник „Дневни Аваз“ открива дека на летот за Ерменија се одвивала вистинска драма.

За време на летот над Турција авионот влетал во турбулентно подрачје па пилотот во еден момент нагло свртел на левата страна, а тоа предизвикало голема паника во авионот.

„Една секунда, односно еден степен недостасуваше авионот да се сруши. Имам повеќе од 600 часа летови со авион и тоа одговорно го тврдам. Никој не може да игра со човечките животи. Не се дозволени никакви нагли вртења, ова можеше да биде многу кобно“ –истакна пилотот и порача дека за се ова ќе ја извести Агенцијата за цивилно воздухопловство.