Паника во Мадрид: Анчелоти ќе ги почне подготовките без Бензема!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид официјално објави дека нивниот напаѓач Карим Бензема е позитивен на ковид-19, па тој остана во Франција и не можеше да се врати од Лион.

Бензема е незаменлив во нападот на „кралевите“, а тоа го покажа и минатата сезона, но сега нема да може да ги почне подготовките со тимот. Ќе мора да остане во изолација најмалку 10 дена, а во клубот се надеваат дека до тогаш ќе го победи вирусот.

Карло Анчелоти ќе мора да работи со другите напаѓачи на стартот на своите подготовки, а се поставува прашањето во каква состојба ќе се врати Бензема.

Реал Мадрид е еден од тимовите кои имаа најмногу проблеми со ковид-19, зашто пред Бензема од корона беа заразени Едер Милитао, Еден Азар, Касемиро, Маријано Дијаз, Начо, Серхио Рамос, Федерико Валверде, Тони Крос и Лука Јовиќ.