Парондо: Честитки до Македонија, среќен сум поради нив, ќе биде тешко…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роберто Парондо ќе ја предводи репрезентацијата на Египет на Светското првенство (СП) во ракомет, а на македонската јавност е познат по неговиот успех со Вардар и освојувањето на Лигата на шампиони.

Шпанецот зборуваше по првата победа на турнирот со неговата репрезентација, па испрати честитка до Македонија за поканата да настапи на СП.

„Би сакал да ѝ честитам на Македонија која се приклучи на турнирот, но во исто време жал ми е поради Чешка. Оваа ситуација ме вознемири затоа што долго време се подготвувавме за Чесите, но во секој случај среќен сум поради Македонија, имам убави спомени од таму“, кажа Парондо.

Македонија ќе се соочи против Египет в сабота од 18.30 часот.