Партизан бара објаснување, Миротиќ се откажа од трансфер: Не доаѓам, ми се закануваат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никола Миротиќ беше блиску до трансфер во Партизан, но поранешниот шпански репрезентативец се откажа од идејата затоа што добил закани.

Миротиќ објави дека му се заканувале поради идејата да го засили српскиот гигант и ќе ја продолжи кариерата на друго место бидејќи безбедноста на семејството му е приоритет.

„Одлучив да не бидам дел од таква атмосфера, не сакам ниту себе, ниту семејството да го изложам на непријатности“, кажа Миротиќ.

Партизан побара објаснување од Миротиќ зошто се откажал од трансферот, иако веќе со недели преговарале.

„Клубот јавно го повикува Миротиќ да ја каже вистината и да ги посочи луѓето кои му се заканувале“, соопшти Партизан.