Партизан цел месец не може да си го најде фудбалерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тим Партизан не може да го пронајде Фусени Дијабате, кој не се појавил на подготовките за новата сезона.

Фудбалерот на Мали не се јавил на телефонските повици од клубот, но и од неговиот менаџер Микел Силвестре.

„Немаме информации што се случува. Во контакт сме со неговиот менаџер, но Дијабате досега со никој не разговарал. Ова не е нормално“, објави Ивица Краљ.

Дијабате „исчезна“ пред 24 дена и засега не е познато дали ќе се врати во Белград.