Пауза во македонското ракометно првенство поради ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работнички пријави голем број на заразени случаи со ковид-19, а Ракометната федерација на Македонија објави дека се суспендира натпреварувањето од групата Б во Суперлигата во следните 15 денови.

Откако ќе мине периодот од две недели, ќе се направи скрининг, по што ќе биде познато дали ракометот ќе се врати на теренот или ќе следи нова пауза.

РФМ претходно го прекина натпреварувањето и во групата А, каде што четири тима имаа заболени од ковид-19, што воопшто не е охрабрувачка вест.

РФМ го одложи и стартот на натпреварите во македонската Прва лига, па се игра само женски ракомет во моментов.