Педри договори нова соработка со најголемата клаузула во историјата на Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот фудбалер за врска на Барселона, Педри ги договори условите за потпис на нов договор со каталонскиот гигант.

Педри, кој за еден месец ќе го прослави неговиот 19. роденден, се договори за соработка до јуни 2026 година.

Официјална потврда на овој договор се очекува во следните денови и така Барселона направи одличен потег што ќе го задржи младиот фудбалер.

Во новиот договор беше поставена и огромна откупна клаузула, која изнесува милијарда евра, па тешко дека некој ќе им го украде Педри.

Педри е член на Барселона од 2020 година, а стигна од Лас Палмас во кој ја почна кариерата и неговиот ангажман се покажа како вистински потег.