Педро крена узбуна во репрезентацијата на Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Педро Родригез искажа незадоволство поради третманот во шпанската репрезентација.

Во таборот на репрезентацијата на Шпанија владееше хармонија се додека напаѓачот на Челси не крена узбуна и отворено во медиумите зборуваше за малата минутажа која му ја дава селекторот Дел Боске. Тој против Чешка одигра само девет минути, додека против Турција не ни влезе во игра.

“Имав други очекувања кога доаѓав тука. Ова не е она што го сакав. Тешко ми е да прифатам. Ако добивам малку шанса ќе ми биде тешко да бидам член на оваа група, иако ми е убаво во друштво на репрезентативните колеги”- изјави Педро.

Во текот на разговорот Педро го прокоментира и евентуалниот трансфер на Нолито во Барселона.

“Нолито е квалитетен фудбалер, добро би се вклопил, но не знам дали би ја прифатил улогата на резерва во Барселона”- истакна Педро и додаде дека шансите да се врати во Барселона после само една сезона во Челси.