Пекол за Тухел: Еден тандем бара да замине, а друг не сака да потпише договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен и понатаму не потпишаа нови договори, додека Данецот е блиску да ја продолжи соработката, сепак Германецот е поблиску да замине.

Рудигер му е благодарен на Тухел што му помогна да покаже колку вреди, но смета дека понудата на Челси не е вистинска, туку бара плата од 10 милиони евра по сезона.

Поради тоа Рудигер е поблиску да потпише за ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кои се заинтересирани за неговите услуги.

Освен овие двајца, проблем за Тухел се и Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо. Шпанците не сакаат да останат во екипата затоа што не добиваат голема шанса, па постои шанса да заминат од тимот, но дури на лето.