Пеле навивал за Меси и Аргентина на СП во Катар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ривалството на Бразил и Аргентина во Јужна Америка е огромно, но легендарниот бразилски фудбалер Пеле на Светското првенство (СП) во Катар навивал за вечниот ривал и за Лионел Меси.

Ќерката на Пеле, Кели Насименто кажа дека поранешниот бразилски фудбалер бил пресреќен кога „гаучосите“ ја освоија круната.

„Сите сакаа Бразил да ја освои титулата поради татко ми, но по поразот од Хрватска, ситуацијата се смени. Сите што го прашуваа татко ми кој сака да ја освои титулата, тој одговараше – Аргентина. Финалето не можеше да го гледа затоа што беше во лоша состојба, но кога слушна дека Меси го освоил пехарот, беше многу среќен“, кажа Кели.