Пелистер го промовира Митревски: Горди сме со потписот на најдобриот македонски голман


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Македонскиот ракометен шампион Пелистер го промовираше новото засилување Никола Митревски кој ќе ја засили конкуренцијата на голот на битолчани.

Битолскиот тим и оваа сезона има високи амбиции, а тоа го покажа со звучните засилувања, меѓу кои беше и голманот Митревски.

„Клубот се поистоветува со некои свои членови и тие не се само обичен дел од тимот, туку многу повеќе. Затоа нивното присуство бескрајно ни значи. Никола Митревски по три сезони во Португалија се врати во својот клуб за да продолжи да победува и освојува трофеи.

Еурофарм Пелистер е горд за потписот на најдобриот македонски голман кој доаѓа со уште три сезони во Лигата на шампионите, акумулирано искуство, квалитет и лидерство.

Капитенот на македонската репрезентација и миленикот на битолската публика ќе нè поведе кон продолжување на серијата победи и трофеи“, објави актуелниот шампион.