Пелистер во последни секунди прими гол за пораз од Пик Сегед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион Пелистер загуби во Битола од Пик Сегед со 27-28 во осмото коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони (ЛШ).

Битолчани постојано бркаа негатива во првото полувреме, кое им припадна на гостите со 15-12, а драмата продолжи и во вториот дел.

Пелистер неколку пати успеа да израмни, но немаше сила за пресврт, па на 10 секунди пред крај прими гол од Пик Сегед за осми пораз во ЛШ.

Борзаш беше најдобар во редовите на Пелистер со шест голови.