„Пенали ми се доста за оваа година, не ја сакам и денеска таа лотарија“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во ексклузивното интервју за Гоал десниот бек на Атлетико Хуанфран зборуваше за ЕВРО, Шпанија, но и за новата конкуренција во клубот Шиме Вршаљко.

За почеток, дали сте разговарале со играчите кои играат во Премиер лигата за излезот на Британија од ЕВРО, колку тоа ќе ги погоди?

„Разговаравме, тоа може да влијае на играчите како што се Герет Бејл во нашата лига, но нормално и целата ЕУ. Се надевам дека тоа ќе биде решено на најдобар можен начин и над се сакаме за тоа да нема влијание на Шпанците, нашата земка и онака има доволно проблеми…“.

Во неделата беа изборите во Шпанија, дали гласавте?

„Да, по мејл, како и минатиот пат, бидејќи во тоа време игравме во странство“.
ОК, да се вратиме на репрезентацијата. Дали се опоравивте од поразот против Хрватска.

„Да. Секој пораз боли, а ова е победничка екипа. Знаеме дека грешевме против Хрватска, пример се последните 20-25 минути, и знаеме дека такви работи не смеат да се повторуваат во нокаут фаза. Да, бевме малку повеќе самоуверени бидејќи знаевме дека веќе се пласиравме понатака,  но гарантирам дека тоа повеќе никогаш нема да се случи, не на таква и искусна екипа како што сме ние!“.

„Доминиравме против Хрватска, имавме шанса, поготово Мората, па пенал…а Хрватска едвај иамше неколку шанси. Сепак, кога се закани, тогаш беше многу опасно бидејќи имаат добри играчи. Верувам во нашиот тим, дека нема да се прелее се добро што сме направиле“.
Нолито рече дека ги видел Де Геа и Серхио Рамос биле обесхрабрени после поразот од Хрватска…

„Да, и тоа мене тоа ми се случувало, и јас се чувствував лошо. Сепак, професионалци сме, имавме 3000 такви удари во кариерата, се чувстувам лошо кога не оди. Но, поминаа таквите битки и сега се чувстуваат добро. Но, Рамос е со така силен карактер и сега во нокаут фазата може да шутира пенал, и изведе Паненка како на минатото ЕВРО“.
Рековте дека не би сакале против Италија да одлучуваат пеналите. Дали е тоа Ваш став или на екипата?

„Посебно на екипата да не патиме, повеќе сакам да одиграме одлични 90 минути и да победиме, нио нема страв од пенали. Ако треба, и јас ќе се спремам да шутирам. Но, повеќе не, доста ми се во последните година дена драми со пенали: ПСВ, финале на ЛШ, сега Серхио Рамос…премногу пенали за една година“.

Дали повеќе ги сакавте Италијаните или Португалците?

„Двата избори се тешки, но вистина е дека со Португалија имаме неверојатно ривалство, што дополнително ќе го направеше потешко“.

И на крајот – Алетико Мадрид. Добри вести стигнуваат од клубот: Симеоне и Гризман ги продолжија договорите, а ви стигнува конкуренција Шиме Вршаљко…
„Воодушевен сум што Гризи останува, Коке и јас го знаевме тоа пред што тргнавме на ЕВРО, но не сме зборувале, хаха! Вршаљко? Мислам дека не е уште официјално, но го гледав, многу е добар, ни требаат нас добри играчи за што повеќе да го засилуваме тимот и да остваруваме што повеќе“.